Почитувани колеги и пријатели,

Во име на претседателството, научниот и организациониот одбор на МАДОТ, ми претставува огромно задоволство да ве поканам на Четвртиот Конгрес на Македонското друштво на ортопеди и трауматолози, МАДОТ со меѓународно учество кој ќе се одржи од 26-29 април, 2018 год. во Охрид.
Убеден сум дека научната програма и можноста да се слушнат врвни предавања, научни дебати и интерактивни дискусии директно од најдобрите во светот, ќе биде предизвик за вас и можност да ги проширите вашите знаења, вештини и техники од областа на ортопедијата итрауматологијата, како и да воспоставите нови професионални контакти со врвни експерти од оваа област.
Темите на Конгресот ги опфаќаат сите подрачја во ортопедијата и трауматологијата и даваат можност за осознавање на одредени заболувања и нови можности на лекување.
Присуството на учесниците од Балканскиот регион и пошироко, како и присуството на поканетите интернационални предавачи, ќе овозможи размена на искуство и дискусија за спротивставените мислења за одредени теми во ортопедијата и трауматологијата.
Се надевам дека со вашето присуство и активно учество ќе допринесете во успешната реализација на Четвртиот Конгрес на Македонското друштво на ортопеди и трауматолози.
Со нетрпение очекувам да ве поздравам и да ви посакам добредојде во Охрид.

 

Проф. д-р Зоран Божиновски
Претседател на Македонското друштво
на ортопеди и трауматолози – МАДОТ